Времето сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На одделни места особено во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар од северозападен правец. Утринската температура се движи од 15 до 21, а дневната ќе биде од 27 до 35 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, како и со умерен, а повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и топло.