ВМРО-ДПМНЕ со реакција на СДСМ за кумановската акција

ВМРО-ДПМНЕ вели дека ставот на СДСМ за кумановската акција е лицемерен, се наведува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес конференцијата на Максим Димитриевски од СДСМ, на која партијата бара одговори за полициската акција во Куманово. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека стратегијата на СДСМ да се потпалат страстите и да се предизвика сомнеж во професионалното постапување на полицијата преку инсинуации за прекумерна употреба на сила врз цивили не успеа. Лицемерието и лажната грижа прикажани денес и во минатото се доказ за тоа, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.