Меркел во Сараево повика на реформи

Германската канцеларка, Ангела Меркел за време на посетата на Сараево ја повика босанската влада да започне со економски реформи кои ќе креираат работни места и да го забрза процесот на интеграција во ЕУ.

„Во БиХ има проблеми кои треба да се надминат и сметаме дека тие се многу комплицирани, но целиот регион може да просперира само со добар развој на БиХ“, изјави германската канцеларка.

Босна е една од најсиромашните земји во Европа, а невработеноста изнесува 40 проценти, а земјата заостанува и од нејзините соседи на патот кон ЕУ.