Обвинителство ја расветлува сообраќајката кај ТЦ „Зебра“

Скопското Јавно обвинителство презема истражни мерки против осомничениот триесет и седумгодишен скопјанец, кој вечерта на 7 јули со возило „опел“ удри во пешак кај трговскиот центар „Зебра“. Според првичните сознанија, како што е наведено во соопштението од ЈО, добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомобилот, констатирано е дека возачот бил под дејство на алкохол.

„Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис“, информираат од Обвинителството.

Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување докази и расветлување на настанот, стои во соопштението.

Во сообраќајна несреќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио.