Надеж за договор со Иран, но нема баш знаци

Преговарачите, кои во Виена разговараат за иранската нуклеарна програма, велат дека се надеваат дека ќе има напредок, но оти има малку конкретни знаци за тоа. Иран, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија работат на постигнување договор кој ќе ја ограничи иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на меѓународните санкции против Техеран. Ако договорот не се постигне до денеска, американскиот Конгрес двојно ќе го зголеми времето за разгледување на договорот, што ќе го одолговлечи укинувањето на американските санкции, што е едно од главните прашања во Виена.