Столтенберг и Милановиќ: Грција е сојузник и проблем

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во заедничката изјава, по денешната средба, оценија дека Грција е силен сојузник во рамките на НАТО, но и потенцијален безбедносен проблем.

„Грција била и остана силен сојузник. Грчката Влада повеќе пати потврди дека нема да ја поврзува должничката криза со својата цврста посветеност на НАТО, истакна Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање.

Милановиќ наведе дека ситуацијата во Грција ја смета за најголем безбедносен проблем.

„Тоа не е прашања со кое НАТО директно треба да се занимава, но сето тоа што се случува или би можело да се случи е безбедносно прашање, истакна хрватскиот премиер.

Тој додаде дека ако Грција не се договори со кредиторите тоа најверојатно ќе значи понатамошен пад на грчкиот бруто домашен производ, помала куповна моќ. многу помалку пари за одбрана и нестабилно општество.