Бил Клинтон на чело на делегацијата на САД во Сребреница

Американскиот претседател Барак Обама го избра поранешниот претседател Бил Клинтон да ја предводи делегацијата на САД на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница. Околу 8 илјади муслимани беа убиени во овој град во БиХ на 11 јули 1995 година, кога српските сили го зазедоа градот и го извршија најкрвавиот масакр во Европа по Втората светска војна.

Белата Куќа соопшти дека Клинтон ќе биде придружуван од членови на конгресот и поранешната Државна секретарка Медлин Олбрајт. На комеморацијата ќе присуствуваат и сенаторите Роџер Викер и Џин Шахин, како и членовите на Претставничкиот дом Елиот Енџел и Питер Кинг.