ВМРО-ДПМНЕ - Заев бега од избори

Со денешната прес-конференција се докажаа нашите сомневања дека Зоран Заев и СДСМ не сакаат избори, се плашат од нив и бегаат, оти Заев знае дека следните избори ќе ги загуби и затоа бега од нив, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Денес, стои во реакцијата, се докажа дека Зоран Заев и СДСМ ги користат лепените и креирани снимки за класична уцена врз државата и нејзините интереси.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи следниот период за организација на партиската структура за одговор на сите можни црни сценарија подготвени и организирани од Зоран Заев“, стои во реакцијата.