Мерел во Тирана: Исполнете ги реформите

Германија ја подржува Албанија на патот до ЕУ, но за да стигне до целта потребно е исполнување на предвидените стандради кои всушност и го определуваат рокот за пристапување во европското семесјтво, порача од Тирана германската канцелaрка Ангела Меркел на попладневната заедничка прес конференциоја со нејзиниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама.

Според Меркел, со Рама разговарале и за економски прашања, при што посoчила деказа земјата е многу значајно создавање услови на таков начин што инвеститорите би имале доверба.

Во врска со масовниот наплив на азиланти од Албанија, Меркел изјавила дека со Рама разговарале и на оваа тема, додавајаќи дека албанските граѓани не може да добијат азил, бидејќи земјата се смета за безбедна.