Заев: преговорите неуспешни, продолжуваат „бомбите“

Преговорите се неуспешни, Никола Груевски во континуитет го минира договорот постигнат на 2 јуни, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција. Бидејќи не е постигната согласност за елементарните демократски вредности што можат да обезбедат реализација на слободната волја на граѓаните, преговорите се неуспешни, истакна тој.

Не се можни фер и демократски избори со Груевски во влада. Ќе продолжиме интензивно да дејствуваме на сите начини, законски и демократски, што ни стојат на располагање, до конечното заминување на овој режим. Проектот „Вистината за Македонија“ ќе продолжи – рече Заев на прес конференцијата.