Ирак - осудени на смрт виновници за масакрот во Тикрит

Ирачкиот суд денеска осуди 24 луѓе на смрт со бесење во врска со масакрот на 1.700 кадети на воздухопловните сили на Ирак, кој лани во јуни го изведоа милитанти на Исламската држава во близина на Тикрит. Четворица од осомничените биле ослободени, велат од Судот. Денеска е осудена првата група од околу 600 милитанти обвинети за масакрот.

Гробовите на жртвите беа ексхумирани во април, откако ирачката влада и сојузничките сили ја презедоа контролата на Тикрит од милитанти на ИД. За Обединетите нации станува збор за воено злосторство.