Времето сончево со температури до 40 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се движи од 12 до 22, а дневната ќе биде од 30 до 40 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 39 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

И утре времето ќе биде многу топло. Попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален повремено пороен дожд и појава на грмежи.

В петок дневната температура ќе се спушти за три до четири степени и ќе се движи од 25 до 36 степени, а в сабота времето повторно ќе биде стабилно и потопло.