ОН вечерва за резолуцијата за Сребреница

Советот за безбедност на ОН денеска ќе ја разгледа британската резолуцијата за Сребреница со која се одбележува 20 години од масакарот во Сребреница. Но состанокот кој требаше да започне попладнево, е одложен откако САД и Русија побараа итни разговори за ова прашање. Според плановите состанокот треба да започне вечерва. Русија смета дека резолуцијата придонесува за поделби и дека се фокусира само на една страна од конфликтот. Нацр-резолуцијата го осудува злосторството во Сребреница и повикува да се направат напори со кои би се спречил геноцид низ светот. Ако се прифати дека трагичните настани во Сребреница се геноцид тоа е предуслов за помирувањето, стои во резолуцијата. Во неа се осудуваат и тие што го негираат геноцидот.