СДСМ - денеска да се утврди термин за нова лидерска

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пристигнува на една од лидерските средби.

СДСМ денеска во реакција на изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со лидерските средби, посочува дека доколку денеска не биде утврден термин за одржување нова средба, СДСМ утре ќе го соопшти ставот за натамошните преговори.

„Никола Груевски не е во позиција да ја диктира динамиката на одржувањето на лидерските средби. Тој е само една од страните во преговарачкиот процес. Очигледна е неговата намера да го одолговлекува процесот, со што им нанесува штета на граѓаните и на Република Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ.

Доколку до крајот на денов не биде утврден термин за лидерска средба, се додава во реакцијата, СДСМ утре ќе го соопшти ставот за натамошниот тек на преговорите.