Нов рок за договор со Иран - 10 јули

Портпаролот на Стејт департментот Мари Харф изјави дека условите од привремениот договорот за нуклеарната програма на Иран од 2013 истекува на 10 јули, со тоа што тој датум станува новиот краен рок за постигнување договор. Таа изјави дека е постигнат напредок за време на преговорите во Виена изминатите денови. Харф вели дека повеќе се загрижени за квалитетот на договорот, отколку за времето.

Претходно шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини, изјави дека преговорите со Иран ќе продолжат за неколку денови, официјално признавајќи дека преговорите ќе продолжат и покрај тоа што неколкупати беше пробиен крајниот рок. Двете страни во преговорите до ноќеска на полноќ имаат краен рок за постигнување договор. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека остануваат уште осум отворени прашања за да се постигне конечен договор.