Груевски - Лидерска ќе има кога ќе се создадат услови

Груевски на една од претходните лидерски средби.

Нова лидерска средба ќе има кога ќе се создадат услови за тоа, односно кога ќе има потреба, изјави премиерот Никола Груевски денеска во работната посета на општина Ѓорче Петров.

„Има дискусија, комуникација, се водат разговори и за да се постигне некаков договор потребно е од двете страни да има согласност. Засега таква согласност од двете страни се уште нема“, рече Груевски во одговор на новинарско прашање.