Преговорите со Иран продолжени за некој ден

Преговорите за нуклеарната програма на Иран ќе продолжат за неколку денови, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини. Во Виена Иран и шесте светски сили се обидуваат да постигнат конечен договор до крајот на денот. Могерини изјави дека некои од министрите кои преговараат, може да ги напуштат преговорите, но дека ќе се вратат. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека остануваат уште осум отворени прашања за да се постигне конечен договор.