ОН ја разгледува резолуцијата за Сребреница

Советот за безбедност на ОН денеска ќе ја разгледа британската резолуцијата за Сребреница со која сеодбележува 20 години од масакарот во Сребреница. Но резолуцијата може да се соочи со вето од Русија, која ги поддржуваше босанските Срби и Србија за време на војните во деведесеттите години на минатиот век. Нацр-резолуцијата го осудува злосторството во Сребреница и повикува да се направат напори со кои би се спречил геноцид низ светот. Ако се прифати дека трагичните настани во Сребреница се геноцид тоа е предуслов за помирувањето, стои во резолуцијата. Во неа се осудуваат и тие што го негираат геноцидот.