Обама: ја интензивираме борбата против Исламска држава

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека коалицијата предводена од САД која се бори против милитантите на Исламска држава, ја интензивира својата кампања против базите на екстремистичката група во Сирија, особено против врвните лидери. „Ние одиме по лидерството и инфраструктурата на ИД во Сирија, срцето на оваа група кое пумпа средства и пропаганда до луѓето насекаде во светот“, рече Обама по вчерашниот состанок со врвните воени лидери во Пентагон.

Обама истакна дека не постојат планови за испраќање дополнителни американски војници во странство. Но, тој рече дека САД ќе продолжат да се борат против нелегалното финансирање на операциите на групата во целиот свет и ќе сторат повеќе за обучување и опремување на умерени опозициски групи во Сирија.