Времето денеска сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со мала облачност и со слаб повремен североисточен ветер. Утринската температура се движи од 13 до 21, а дневната ќе биде од 31 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Утре и в четврток времето ќе биде потопло и се очекува позначителен пораст на дневните температури. В четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален повремено пороен дожд и појава на грмежи. В петок дневната температура ќе се спушти за три до четири степени. В сабота времето повторно ќе биде стабилно и потопло.