Евклидис Цакалотос - нов грчки министер за финансии

Евклидис Цакалотос.

Евклидис Цакалотос кој беше шеф на грчкиот тим за преговори со кредиторите денеска беше назначен за нов министер за финансии на местото на Јанис Варуфакис кој поднесе оставка, јави грчката телевизија Скај.

Назначувањето на Цакалотос беше објавено по крајот на средбата на лидерите на политичките партии во парламентот која траеше седум часа.