Милитантите на ИД зазедоа град во Сирија

Милитантите на Исламската држава ја повратија контролата на сирискиот град Еин Иса кој беше во рацете на курдските борци околу две недели, велат од Сириската опсерваторија за човекови права. Тие велат дека градот и соседните области биле заземени денеска претпладне. Сириските курдски борби презедоа неколку области во северна Сирија од милитантите на ИД, меѓу кои и стратешкиот град Тал Абјад, кој милитанттие го користеа за снабдување со реезерви и за извоз на нафта на црниот пазар. Претходно од ИД објавија видео на кое е прикажано како убиваат двајца мажи, кои според нив, ја шпионирале групата.