Дејселблум - грчкото „не“ не води до решение

Лидерот на Еврогрупата Јероен Дејселблум.

Лидерот на Еврогрупата Јероен Дејселблум оцени денеска дека грчкото „не“ на референдумот за предлогот на кредиторите, не води кон приближува до решение за должничкиот проблем.

„Всушност отфрлувањето на предлогот на кредиторите ги отежнува работите, изјави тој и додаде дека утре ќе им се придружи на министрите за финансии од Еврогрупата.

Тој додаде дека министрите чекор по чекор ќе согледаат дали може да се спаси процесот.