Одложена расправата за Монструм

Апелацискиот суд ја одложи расправата за пресудата за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Случајот Монструм, кој пред една година доби судски епилог, на 11 септември повторно ќе биде отворен за јавност. Апелација тогаш ќе ги разгледува жалбите за пресудите на шестмината осудени за убиствата на 4- млади момчиња и еден возрасен маж на 12 април 2012 година.

Судијката Љиљана Ивановска Шопова, посочи дека главна причина за одложување на судскиот процес е отуството на двајца осудени, Агим Исмаиловиќ и Хаки Азири, кои не беа донесени од затворотот во Идризово. Одбраната и роднините стравуваат дека со одложувањето на ова рочиште се прави политичко тактизирање.