Кери: договорот за Иран е блиску, но има уште работа

Американскиот Државен секретар Џон Кери вчера во Виена изјави дека има вистински напредок во разговорите за иранската нуклеарна програма, но оти се уште не се таму каде што треба да бидат, односно дека може да тргнат по друга насока. Сега е време да видиме дали сме способни или не да постигнеме спогодба, рече Кери на 9-иот ден од разговорите во Виена меѓу Техеран и големите сили, по средбата со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф. Тој истакна дека Вашингтон е готов да ги напушти разговорите доколку постои апсолутна непопустливост. Кери додаде дека никој не го сака таквото сценарио, но оти Вашингтон не сака да биде на маргините во усвојувањето на незадоволителен пакет.