Грците слават по резултатите на референдумот

Првичните резултати од референдумот во Грција покажуваат дека преовладуваат гласовите против новите мерки за штедење предложени од меѓународните кредитори. Според резултатите, над 60 проценти од Грците гласале со „не“ на референдумот. Илјадници поддржувачи на властите се собраа на централниот плоштад Синтагма во Атина за да ги прослават резултатите и покрај предупредувањата доколку не се постигне договор со меѓународните кредитори може да предизвика излез на Грција од еврозоната.