Серија бомбашки напади во Ирак, 19 жртви

Во серија на напади, најчесто со автомобил бомба во Ирак загинаа најмалку 19 луѓе, а десетици беа повредени. Најсмртоносниот напад се случил синоќа кога во експлозија на автомобил бомба во Багдад загинале девет лица, а 24 биле повредени. Се уште никој не презема одговорност за нападите.