Марш за поддршка на Ујгурите во Истанбул

Припадници на заедницата на Ујгури во Кина

Стотици луѓе маршираа во Истанбул во знак на протест против третманот на малцинската муслиманска заедница на Ујгури во Кина. Заедницата која има културни врски со Турција се жали на културен и религиозен притисок од кинеските власти. Демонстрантите носеа знамиња на татковината на Ујгурите и повикаа на бојкот на кинеските производи во земјата. Протестите беа мирни , но новински агенции јавија дека некој од демонстрантите се обидел да нападне корејски туристи, бидејќи мислел дека се кинески државјани.