Ерменија-Демонстрантите со барања до властите

Учесници на протестите во Ерменија

Демонстрантите во ерменскиот главен град Ереван кои протестираат против зголемување на цената на струјата ги упатија своите барања до властите. Тие соопштија доколку властите не ги прифатат нивните барања ќе се соочат со поголем притисок, односно ќе почнат да ги поместуваат нивните импровизирани барикади секоја вечер се поблиску до претседателската администрација. Според нив, протестите кои траат две недели и ја блокираа главната собраќајница во Ереван влегуваат во одлучувачка фаза.