Србија бара вето од Русија за резолуцијата за Сребреница

Српскиот претседател Томислав Николиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ ја повика Русија да стави вето на британската резолуција во Советот за безбедност на ОН, која убиствата во Сребреница за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година ги окарактеризира како геноцид. Николиќ за таа цел испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин.

Се очекува резолуцијата во наредната недела да биде ставена на дневен ред во Советот за безбедност на ОН. Британската резолуција беше изготвена по повод 20-годишнината од масакрот, кој веќе е прогласен за геноцид од судовите на ОН.