Грците на референдум за новиот план за штедење

Грците денеска гласаат на референдум за или против новиот план за штедење понуден од страна на европските лидери со цел да се реши должничката криза во земјата. Право на глас имаат околу 10 милиони Грци, кои доколку се изјаснат негативно на референдумот тоа може да предизвика излез на земјата од еврозоната. Референдумот беше предложен од страна на левоориентираниот премиер Алексис Ципрас кој ги повика Грците да гласаат против „стравот“ и „тероризмот“ со тоа што ќе го одбијат планот за штедење.