Груевски-СДСМ не сака договор

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека неговите очекувања за излез од политичката криза се дека треба да се најде некое разумно решение односно разумен компромис. Според него, засега од другата страна не може да каже дека оди во таков правец, туку дека прави се да не се дојде до договор. Опозицијата, според него, на тој начин се надева дека ќе дојде до пад на економијата и шанса луѓето да почнат да се разочаруваат од ВМРО-ДПМНЕ и да гласаат за СДСМ.