Амано-Истрагата за Иран може да заврши до крајот на 2015

Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано

Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано во Виена изјави дека истрагата за наводите дека Иран тајно работи на развој на нуклеарно оружје може да зарши до декември доколу земјата соработува со нив. Според него, извештајот би можел да биде готов до крајот на годинава. Иран ги негира обвинувањата дека работи на производство на нуклеарно оружје и одбива да им даде пристап на инспекторите на агенцијата на воените објекти во земјата. Амано го даде коментарот по неговата посета на Иран .