Зариф-Блиску до постигнување нуклеарен договор

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека никогаш не биле поблиску до постигнување долгорочен нуклеарен договор со шесте светски сили. Во порака постирана на Јутјуб тој порача и дека нема гаранција за успех. Видеото е снимено на терасата на хотелот во Виена, каде се одржуваат преговорите меѓу Иран и светските сили.

Американскиот државен секретар Џон Кери претходно ги пофали напорите на сите преговарачки страни за постигнување договор. Според него, во преговорите има напредок, но остануваат некои тешки прашања.