Фич-Кредитниот рејтинг на Русија останува на БББ-

Рејтинг агенцијата Фич го одржи релативно високиот рејтинг за Русија и покрај зголемените тензии меѓу земјата и Западот. Намалувањето на рејтингот од страна на Стандард и Пурс и Мудис претходно годинава ја стави Русија во ниско рангираните земји. Кредитниот рејтинг на Русија, според Фич останува на БББ-. Прогнозите на агенцијата покажуваат дека руската економија ќе има намалување од 3,5 отсто годинава, откако земјата се наоѓа во криза која започна во минатата година по санкциите од Западот поради руската анексија на Крим.