Истрага за полициска бруталност на протестите во Ереван

Ерменските власти започнаа кривична истрага за полициските службеници вклучени во судите со демонстрантите кои протестираа против зголемување нацената на електричната енергија. Денеска Специјалната служба за истрага соопшти дека е отворена истрага за наводното полициско насилство, како и за злоупотреба на моќ и попречување на новинари во известување од настан. Две недели во центарот на Ереван се протестира против плановите за поскапување на струјата за 16 отсто од 1 август. На 23 јуни, стотици припадници на специјалната полиција се судрија со демонстрантите користејќи палки и водени топови.