СДСМ тврди дека Груевски не прифатил средба

Лидерската средба до која според некои најави требаше да дојде денеска не се одржала поради тоа што премиерот Груевски не ја прифатил поканата и не се произнел за последниот предлог кој бил ставен на маса, тврдат извори од СДСМ. Тие до попладнево инистираа на отворена можност средбата сепак да се одржи, но до неа не дојде. Претходно во текот на денот и лидерите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи најавија дека денеска нема да дојде до средба, туку дека таа би се одржала од понеделник натака.