Ахмети - Денеска нема да има лидерска средба

Претседателот на ДУИ Али Ахмети попладнево изјави дека денеска ќе нема нова средба на лидерите на четирите најголеми партии за надминувања на политичката криза. Ахмети по средбата во Собранието со американскиот конгресмен Елиот Енџел, одговорајќи на новинарско прашање, кусо одговори дека лидерска средба денеска ќе нема.

Дел од медиумите синоќа и претпладнето објавија дека во текот на денов ќе биде одржана нов состанок на лидерите, во присуство на амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Од Амбасадата на САД и од Мисијата на ЕУ во Скопје за МИА информираа дека таква активност на Бејли и Орав за денеска не е предвидена.