Франција го одби барањето за азил на Асанж

Француската влада го одби барањето за азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, велејќи дека тој не се соочува со никаква опасност. Од Елисејската палата денеска соопштија дека врз основа на правните елементи и имотната состојба на Асанж, Франција не може да постапува по барањето. Во соопштението исто така, се нотира дека има налог за негово апсење во Европа. Во отворено писмо до францускиот претседател Франсоа Оланд, кое беше објавено денеска во весникот „Ле Монд“, Асанж се опиша како новинар кој се соочува со смртни казни од страна на властите во САД, поради, како што вели, неговите професионални активности. Асанж, живее во амбасадата на Еквадор во Лондон во последните три години, за да избегне екстрадиција во Шведска.