Се поизвесен договор за иранската нуклеарна програма

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Иран и светските сили се блиску до нуклеарен договор. Тој вчера во Виена истакна дека сите страни сметаат оти ова прашање ќе биде решено во наредните денови. Рускиот главен преговарач исто така рече дека посетата на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано на Техеран помогнала за добивање поголема јасност во преговорите. Преговарачи од Иран, Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и од САД работат на постигнување договор според кој Техеран би ја запрел својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите. Страните си поставија рок до 7 јули да постигнат договор.