Времето денеска сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Попладне и во вечерните часови во крајните источни и југоисточни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура се движи од девет до 18, а дневната од 24 до 33 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Следува период на претежно стабилно и потопло време, со слаб до умерен северен ветер. Значително потопло ќе биде од понеделник кога дневната температура на повеќето места ќе надминува 30 степени.