Кина - Голема можност за договор со Иран

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, изјави дека постои голема можност Иран и големите сили да се согласат за сеопфатен договор за нуклеарната програма во следните неколку дена. Тој изјави дека сите страни треба да направaт позитивни напори, додавајќи дека се уште има некои важни и чувствителни прашања од кои никој не може да побегне. Преговарачите од Иран и шесте светски сили работат на договор според кој Техеран ќе ја ограничи својата нуклеарна програма, а западот ќе ги олесни санкциите за Иран.