Уапсени 12 луѓе за нападот во Тунис

Туниските власти соопштија дека уапсиле 12 луѓе во истрагата за масакрот во туристичкото летувалиште Сус каде беа убиени 38 луѓе, најголем дел од нив британски туристи. Властите велат дека се уште трагаат по двајца мажи кои заедно со напаѓачот тренирале во џихадистички камп во Либија. Екстремистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот на 26 јуни. Полицијата го уби напаѓачот кој претходно пукал во туристите. Од убиените 38 луѓе, 27 се британски туристи, а меѓу убиените има и други туристи од Европа.