Иванов - Преку дијалог до решение на кризата

Македонските лидери мора да ги урнат менталните ѕидови, да ги затрупаат менталните ровови и што поскоро, преку дијалог, да дојдат до решение со кое ќе се надмине политичката криза, порача претседателот Ѓорге Иванов.

„Македонските граѓани со вознемиреност гледаат како со секоја наредна политичка криза менталните ѕидови се надградуваат, а политичките ровови се продлабочуваат. А од високите ѕидови и од длабоките ровови сè потешко е да се види човечкото лице на политичкиот противник“, рече македонскиот претседател.