Наскоро преговори за долгот на Украина

Украина и нејзините кредитори се согласија во идната недела да започнат преговори за реструктуирање на долгот на земјата, по неколкунеделни расправи во јавноста. Двете страни се состанаа во седиштето на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, а потоа издадоа соопштение во кое се вели дека ќе се задржи тајноста на разговорите со цел да се овозможат принципиелни преговори за суштината на евентуалното решение. Страните се согласија да влезат во преговорите со добра волја без предуслови, а со цел склучување договор за условите на операционализација на долгот што е можно поскоро, се вели во соопштението.

Доверителите претставени од страна на Ад-хок комисија на сопствениците на украински обврзници, главно четири инвестициски фондови од САД, се под притисок да се отпише значителен износ на големите долгови на земјата. ММФ во март ја услови својата програма за спас на Украина тешка 17,5 милијарди долари во земјата, а исто така земјата доби 15,3 милијарди со отпишување на долгот во текот на четири години преку реструктуирање на обврзници. Но, сопствениците на обврзници повеќе сакаат Украина да го продолжи рокот на отплата на долгот, отколку сосема да го отпише.