Ново поглавје во односите САД - Куба

Американскиот претседател Барак Обама денеска објави дека САД и Куба ќе отворат амбасади во Хавана и во Вашингтон, најавувајќи „ново поглавје“ во односите по половина век непријателство.

Американскиот државниот секретар Џон Кери соопшти дека ова лето ќе патува во Хавана за да ја отвори новата Амбасада на САД во Куба. Говорејќи во Виена, каде што присуствуваше на разговорите за нуклеарната програма на Иран, Кери рече дека меѓу поранешните непријатели од студената војна се уште има остри разлики во врска со демократијата, човековите права и други прашања. Претседателот Барак Обама испратил писмо до кубанскиот колега Раул Кастро, во врска со обновата на дипломатските односи меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи на Куба, рече дека амбасадите ќе се отворат на 20 јули.

Куба и САД, ги прекинаа дипломатските врски пред 54 години.