Кандидатот на Ердоган избран за претседател на Парламентoт

Kандидатот на партијата на турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган, поранешниот министер за одбрана Исмет Јилмаз, беше избран денеска за претседател на турскиот Парламент, составен по парламентарните избори на 7 јуни, на кои партијата на Ердоган го загуби апсолутното мнозинство.

На четвртиот круг од гласањето кандидатот на Партијата на правдата и развојот Исмет Јилмаз освои 258 гласови, а кандидатот на Народнорепубликанската партија Дениз Бајкал доби 182 гласа.