Папата повика на разрешување на грчката криза

Папата Франциско денеска апелираше до лидерите на Европската унија да донесат одговорна одлука со цел да се разреши грчката криза, додавајќи дека човечовото достоинство мора да остане во центарот на решението на овој проблем. Во соопштението од официјален Ватикан се наведува дека папата е загрижен заради општествените последици од кризата и последиците врз грчките семејства, пренесуваат британските медиуми.