Орбан: Ѕидот е изнуден потег

Кревањето ѕид на српско- унгарската граница не е насочено против Србија, туку за спречување на илегалните минувања на границата, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На прес конференцијата по заедничката седница на владите на Србија и Унгарија во Будимпештa, Орбан кажа дека меѓу Србија и Унгарија има добри односи чие зачувување е во интерес на двата народа, а кревањето на ѕидот го квалификува како „изнуден потег“.

„Унгарија ќе инсистира, во соработка со своите соседи, да се преземат адекватни мерки. Сега сме во ситуација маса луѓе да ни доаѓаат, а земјите во Западна Европа сакаат луѓето кои веќе се дојдени да ни ги вратат нам, заради што имаме притисок и од југ и од запад“, рече Орбан.