Заев не го признава правосудството

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција изјави дека не го признава моменталното македонско правосудство, кое, како што рече, е под контрола на Никола Груевски.

„Сакам да соопштам дека нема да присуствувам на закажаните рочишта и нема да се пријавувам во судот. Со ваквото мое соопштување, судот е должен да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода. Јас очекувам оваа седмица да се случи тоа. Јас сум во просториите на СДСМ или во Кампот пред Влада со граѓаните. Ова е врв на апсурдот на обвинение нарачано од Никола Груевски а спроведено од јавниот обвинител Марко Зврлевски. Судот нема дадено никакво образложение за случајот“, изјави Заев.

Оваа негова изјава, доаѓа откако Кривичниот суд го прифати обвинителниот акт за „Пуч“ и ги отфрли приговорите на одбраната.
Лидерот на СДСМ повика до крајот на оваа недела да се постигне договор помеѓу лидерите на партиите, и ги демантираше медиумите кои објавија дека постојат некакви тајни преговори. Според него, тоа се редовни констулации во текот на преговарачкиот процес.